ДОЖДОТ ГИ ПОРЕМЕТИ ПЛАНОВИТЕ НА МНОГУМИНА

ДОМИНАЦИЈА: Хамилтон со пол-позиција во Јапонија

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија.

објавено: 6 октомври 2018 - 09:45

Луис Хамилтон дојде до 80. пол-позиција во својата кариера. Мерцедес викендот го почна на најдобар можен начин, на втората позиција пред утрешната трка за Големата награда на Јапонија се најде Валтери Ботас. Хамилтон беше најбрз на патеката „Сузика“ со време од 1:27.760, додека Ботас имаше време 1:28.059.

На третото место се најде Макс Ферстапен од Ред Бул, додека Кими Раиконен ќе тргне од четвртото место, Себастијан Фетел ќе стартува од деветата позиција, тимот на Ферари имаше проблем со дождот, кој ги изненади.

Најново во Авто-мото