ДЕБИТИРАШЕ ВО 2001. ГОДИНА ВО „НАЈБРЗИОТ ЦИРКУС“

Фернандо Алонсо најави крај на Ф1 кариерата

Фернандо Алонсо во Формула 1 дебитираше во 2001. година и оттогаш славеше на 32 трки, забележа 22 пол позиции и 97 пати беше на подиумот.

објавено: 14 август 2018 - 19:30

„После 17 прекрасни години во овој неверојатен спорт, време е да направам промена и продолжам напред. Уживав во секоја минута во овие неверојатни сезони и сум им благодарен на сите кои придонесоа во мојот развој и успесите. Секако благодарност и до навивачите за поддршката", рече Алонсо.

Беше двапати Ф1 шампион (2005. и 2006. година), додека три пати завршуваше како втор во шампионатот. Останаа уште девет трки оваа сезона и најави дека ќе учествува во нив со поголема посветеност и страст.

Алонсо воедно им се заблагодари на Мекларен, Минарди, Рено и Ферари, на сите свои поранешни екипи, клупски колеги, конкуренти, пријатели, медиуми...

Оваа сезона во генералниот пласман се наоѓа на деветтото место со 44 бодови, лидер е Британецот Луис Хамилтон со 213. Редоследно до крајот на шампионатот во 2018 следуват трките во Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Абу Даби.

Најново во Авто-мото