ТРКА КОЈА СЕ БОДУВА ЗА ШАМПИОНАТОТ

Ендуро тимот Водно со четири подиуми во Берово

Овој викенд се одржа прва Ендуро Трка во организација на Мото Велес и МФМА...

објавено: 16 јули 2018 - 10:38

Трката беше одржана во Берово и се возеше во изминатите два дена. Од вкупно пријавени педесетина возачи, Ендуро Тимот Водно од Скопје настапи со осум возачи во различни категории.

Од нив четворица успеаја да се качат на подиумот и тоа:

Во класата Е1

Второ место за Христиан Станковиќ
Трето место за Виктор Караколев

Во класата Е3

Прво место за Владимир Димов
Второ местоза Ненад Бошевски

Ова беше прва од трите планирани Ендуро Трки кој ќе се возат за Македонскиот Шампионат.

Најново во Авто-мото