Шампионат на Македонија во автомобилизам на кружни патеки

Повторно „високи октани“ покрај Кичево

Викендов во Кичево во организација на АКК Примо авј ќе се вози првата кружна трка „КИЧЕВО 2018" со која ќе стартува шампионатот на Македонија во автомобилизам на кружни патеки.

објавено: 13 јули 2018 - 18:15

Викендов во Кичево во организација на АКК Примо авј ќе се вози првата кружна трка „КИЧЕВО 2018" со која ќе стартува шампионатот на Македонија во автомобилизам на кружни патеки.

На патеката на воениот полигон во Кичево се очекува бројка од околу 25 натпреварувачи, а најавено е и присуство на гости од Косово.

Трката ќе се вози в недела на 15 јули, свеченото отворање е предвидено во 11 часот и 30 минути, а стартот на трката во 12 часот.

Програма на натпреварот

Сабота 14 07

Технички и верификација

Класа 1 8.00-9.00 часот

Останати класи 9.00-10.00 часот

Брифинг со натпреварувачите 10.15 часот

Седница на жири 10.30 часот

Неофицијален тренинг 11.00 часот

Официјален тренинг 13.00 часот

Седница на жири 15.00 часот

Недела 15 07

Брифинг со возачи 10.00 часот

Слободен тренинг 10.30 часот

Свечено отворање на натпреварот 11.30 часот

Почеток на натпреварот 12.00 часот

Седница на жири 30 минути по завршување на натпреварот

Прогласување на победниците 30 минути по завршување на жири седницата

Најново во Авто-мото