ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА НА РИДСКИ ПАТЕКИ

Повторно „високи октани" на Водно

Ридско автомобилската трка на Водно, која ќе се одржи викендов од 8 до 10 јуни, на патеката на Водно во Скопје, а во организација на АКК Примо авј „Пролет" и ќе се бодува во државниот шампионат на Република Македонија на ридски патеки.

објавено: 7 јуни 2018 - 22:30

По доста долго време, конечно, ридско-брзински трки на Водно.

Ридско автомобилската трка на Водно, која ќе се одржи викендов од 8. до 10 јуни, на патеката на Водно во Скопје, а во организација на АКК Примо авј „Пролет" и ќе се бодува во државниот шампионат на Република Македонија на ридски патеки.

Стартот се наоѓа пред влезот на ИЗИС, а целта пред патот за Хотел Водно. Пријавени се околу триесетина натпреварувачи од Македонија, кои ќе бидат поделени во следните класи:

КЛАСА A 1, до 1150 ццм3 "ЈУГО" со анекс
КЛАСА Н 2 - до 1400 ццм3
КЛАСА Е 1 – од 1301 ццм3 ДО 1600 ццм3
КЛАСА Е 1 - од 1601 ццм3 ДО 2000 ЦЦМ
КЛАСА Н 3 и СП – до 2000 ццм3
КЛАСА Н 4 , А 4 - над 2000 ццм3
КЛАСА Е1 – над 2000 ццм3

ПРОГРАМА
ПЕТОК – 08.06
15-19 часот - Верификација и Технички преглед на возилата
19.30 часот - Прва седница на жири

САБОТА 09.06
10 часот - Брифинг со натпреварувачи
11 часот - Тренинг – прво возење
еден час по прво возење Тренинг – второ возење

НЕДЕЛА 10.06
10 часот - Брифинг сo натпреварувачите
11 часот - Свечено отворање на натпреварот
12 часот - Прво возење
еден час по прво возење - Второ возење
40 минути по завршување на натпреварот - трета седница на жири комисија
Инаку, прогласувањето на победниците ќе биде еден час по завршувањето на третата седница на жири комисијата (околу 16:30-17 часот).

Стартот се наоѓа пред влезот на ИЗИС, а целта пред патот за Хотел Водно. Пријавени се околу 30-ина натпреварувачи од Македонија, кои ќе бидат поделени во следните класи:

 

Најново во Авто-мото