Викендов во Унгарија

Игор Стефановски – Иџе пред нов предизвик

Патеката во Унгарија е позната за нашиот шампион, кој се враќа по пауза од една трка.

објавено: 6 јули 2018 - 11:30

Трките од ТЦР-Европа викендов се селат на славниот Хунгароринг. Патеката во Унгарија е позната за нашиот шампион, кој се враќа по пауза од една трка.

Игор Стефановски се враќа подготвен за голем резултат на оваа патека. Претходно, успешно помина три дена тестирање со неговиот автомобил Хјундаи на автодромот Гробник во Хрватска, па сега атакува на висока позиција во „ТЦР" првенството.


Првата трка на Хунгароринг е в сабота во 13 и 40, втората в недела во 11 и 50 часот. Како „најблиска патека“, Иџе очекува голема поддршка од своите фанови.

Најново во Авто-мото