| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

КАКОВ ГООЛ!!! СЕКОЈА ЧЕСТ АЛЕКС „ДЕЛ“ ТРАЈКОВСКИ

*Бил резерва во Палермо, не играл, има подобри од него... А тој два меча по ред не спасува. Ни донесе бод со Албанија и еве сега „историја“ со Италија. Каква мајсторија и тоа против Буфон!?

Сите играјте фудбал но кога се игра 77. минута Трајковски дава голови. Во истата минута пред еден месец фудбалерот на Палермо ни донесе реми со гол од пенал против Албанија а аве го и вечерва во 77. минута стрела но за голем бод во Торино со Италија.
И сега е херој генијалецот од Драчево!? Бил ваков, не играл за Палермо, сме имале подобри од него... Сето тоа оди во вода. Секоја чест Алекс „Дел“ Трајковски! Голчиште постигна вечерва. Тоа е мајсторија која ја можат само мајстори. Да му се даде ваков гол на Буфон!? Вистинско ремек дело од тешка ситуација но и асистенција на Пандев како на „тацна“.


Истото важи и за сите оние кои лелекаа пред натпреварот. Дека ќе играл Ристовски стопер, дека почнуваме со Радески... Луѓе овие одиграа 1:1 со Италија во Торино. Ова е исто како и оние два големи дуели во Англија. Тоа се тие три меча кои за нас се историја кога сме гостувале. Си се радуваме на вакви успеси но наши си се. Ќе ги паметиме. Ете три меча во серија не сме загубиле а ќе биде и четврти во понеделник против Лихтенштајн. Касно се разбудивме а и таа пуста среќа не не сакаше на почетокот од овој квалификациски циклус. Но ќе ја биде. Еве го Алекс, доаѓа Елиф го имаме Барди, Нестор, Велковски, Муслиу... Имаме за што да се надеваме. Имаме основа а го имаме и „Гранде“ - ПАНДЕВ.

 



Датум: 06.10.2017, 23:14
Статијата е прочитана 5211 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense