| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.17

Ангеловски: Играчите го заслужија овој бод против Италија

*Да се одигра 1:1 против Италија, која е четирикратен светски првак е нешто посебно, а играчите се заслужни за тоа

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски имаше полна уста пофалби за своите избраници по вешераното реми 1:1 на гостувањето кај големата Италија. Иако потајно сите се надевавме на чудо сепак, тешко е да се остане непоразен против четирикратен светски првак. Македонија го стори токму тоа вечерва, со јака, пожртвувана и максимално ангажирана игра во сите деведесет минути. Сите сме согласни дека Италија не не надигра на овој меч.
„Искрени честитки за моите играчи, затоа што да се игра 1:1 против четиркратен првак кажува за какви играчи станува збор. Ние успеавме вечерва да одиграме нерешено и за тоа заслужни се играчите. Ова не треба да преставува повод за еуфорија, играме добро во текот на целите квалификации. Сега сакам  да го видам вистинскиот карактер, и тој меч со Лихтентшајн треба да го покаже карактерот, после овој резултат со велесила, да направиме добар резултат јас верувам во моите играчи и верувам дека ќе го добијат и тој натпревар – изјави селекторот Ангеловски по вечерашниот супер бод против Италија во Торино.



Датум: 06.10.2017, 23:02
Статијата е прочитана 1256 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense