| контакт | маркетинг
КОШАРКА

10.11.2017

А-тимот после цела деценија во Аеродром

Поминаа цели десет години откако македонскиот национален тим за последен пат играше официјални мечеви како домаќин во „Јане Сандански“.

Тогаш, во 2007 година, националниот тим на Македонија играше во старата сала, популарно наречена лименка,  и се бореше за место на ЕП 2007, а сега на истото место го има најрепрезентативниот спортски објект кај нас. Во новиот СЦ „Јане Сандански“, машката селекција на Македонија никогаш не била домаќин на официјални средби, туку само на пријателски, а салата се користеше и за тренинзи како дел од подготовки за важни настани како ЕП 2015 или квалификации за ЕП 2017.



Датум: 10.11.2017, 16:00
Статијата е прочитана 752 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense