| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

17.07.2017

Бејл реши да се бори за место во Реал

Капитенот на репрезентацијата на Велс, Герет Бејл, нема да си замине од Реал Мадрид.

Иако имаше шпекулации дека летово ќе бара нов клуб,  тој сака да им остане верен на „кралевите“ и во новата сезона.
Поради честите повреди, го загуби местото во стартниот тим, но најави дека повторно ќе се бори да биде во почетните 11-мина на теренот.
„Знам дека воопшто нема да биде лесно да се изборам за место во стартниот тим, но јас ќе направам сѐ што е во моите можности. Никогаш не сум размислувал да си заминам од Реал“, вели Бејл.
Во минатата сезона, напаѓачот одигра само 19 меча во Примера дивисион, на кои даде седум гола, а имаше и две асистенции.



Датум: 17.07.2017, 18:04
Статијата е прочитана 710 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense