| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.01.2018

Поповски: Работнички го договори Бујамин Асани

Наместо во Шкупи, Асани замина во Работнички. Новиот играч на „романтичарите“ го потврди претседателот на овој клуб, Драган Поповски

Не е Шкупи, туку Работнички е новата дестинација за Бујамин Асани. Иако веќе беше потврдено дека тој се враќа на Чаир, сепак, во последен момент, тој ја промени дестинацијата. Потпиша за тимот на Работнички и во следниот период ќе настапува во Градски парк.
„Да, можам да потврдам дека нов играч на Работнички е Бујамин Асани. Се договоривме за соработка и тој ќе биде дел од нашата екипа во пролетната полусезона и ќе биде дел прозивката во петок во 13:00 часот“ - изјави за Македонски Спорт, претседателот на Работнички, Драган Поповски.


 



Датум: 03.01.2018, 16:04
Статијата е прочитана 1557 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense