| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.11.2017

Шумуликоски во 120 минути го исфрли Плзен

Македонскиот ветеран како капитен на Словачко, денеска го елиминираше лидерот на табелата

Величе Шумуликоски со своите 37 години и натаму има што да каже на фудбалските терени. Тој денеска го одигра исцрпувачкиот меч во 1/8 финалето од Купот на Чешка во кој што неговиот Словачко го исфрли Плзен во 120 минутна битка. Шумуликоски беше капитен на тимот кој што одигра 2:2 и тоа на гостински терен, а во продолжението во 110 минута Словачко постигна гол и победи со 2:3.
Инаку победата е уште поголема ако се има во предвид дека во моментов Плзен е рекордер во Европа по најмногу освоени бодови. Овој тим има 13 победи од 13 натпревар, но ете, налета на Шумуликоски и го доживеа првиот пораз и испадна од чешкиот Куп.



Датум: 10.11.2017, 20:49
Статијата е прочитана 3626 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense