| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

03.01.2018

Прибак ги пропушта контролите

Средниот бек ќе патува со екипата, но нема да игра на пријателските натпревари со С. Арабија и Србија во Белград

Дефинитивно селекторот Раул Гонзалес нема да може да смета на услугите на средниот бек Немања Прибак за пријателските натпревари против Саудиска Арабија и Србија во Белград во следните два дена.
Детални лекарски прегледи покажаа дека се работи за посериозна дисторзија на скочниот зглоб која бара мирување.
"Имам дисторзија на скочниот зглоб од втор степен и морам 72 часа строго да мирувам, за да може побрзо да се санира проблемот и да бидам подготвен за она главното- ЕП.
Ќе патувам во Белград, за да бидам со тимот, но нема да играм", изјави за "Македонски спорт", Немања Прибак.
Македонија утре претпладне заминува за Белград каде попладнето игра затворен пријателски натпревар со С. Арабија, додека в петок се среќава со Србија.



Датум: 03.01.2018, 16:45
Статијата е прочитана 521 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense