| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

04.02.2018

Трансферот на Лапорт спаси француски клуб од банкрот

Ова ти е „спас во последен час“

Францускиот фудбалер Емерик Лапорт во јануарскиот преоден рок го напушти Атлетик Билбао и ја продолжи кариерата во Манчестер сити со тоа што стана најскапото засилување во историјата на клубот од „Етихад“.
Трансферот изнесува 65 милиони евра, а Атлетик во меѓувреме потроши дел од тие пари за донесување на Иниго Мартинез од Сосиедад, но 1% од парите доби и францускиот клуб СУ Аген, клубот во кој Лапорт почна да игра.
Овој клуб се натпреварува во осмиот ранг на францускиот фудбал, но тој процент од парите од трансферот на нивниот поранешен играч ги спаси од банкрот. Овој клуб заработи дури 650.000 евра што за нив е вистинско богатство.
Потпретседателот на овој клуб Жан Клод Брунел изјави дека ова е најдобриот новогодишен подарок за Спортинг, а со овие пари сите проблеми се решени па дури и остануваат за клубот да опстои и во наредните години. Како илустрација добија пет пати повеќе од годишниот буџет.
Лапорт во Аген дојде кога имал само шест години, а бил член на овој клуб до 2009 година и потоа преминал во Атлетик Билбао.



Датум: 04.02.2018, 19:06
Статијата е прочитана 1823 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense