| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.06.2017

Милевски: „Односот на играчите кон националниот дрес е беспрекорен“



Македонскиот селектор, Благоја Милевски им честиташе на своите фудбалери за уште една добра партија и покрај поразот од 4:2 од силната Португалија

„Им честитам на Португалците за победата и им посакувам успех на турнирот. Посебни  честитки за моите фудбалери, кои уште еднаш го дадоа својот максимум. Во моментов тоа се нашите можности. Македонија и вечерва покажа дека на ова првенство дојде да се надигрува со сите и покажавме квалитет. Уште еднаш  честитки за моите фудбалери“, изјави Милевски по мечот.
Селекторот, како и сите македонски фудбалски фанови немаше замерка на однесувањето на нашите млади репрезентативци на теренот.

„Пред да дојдеме во Полска кажавме дека сме тука да се надигруваме со секого и да уживаме во фудбалот. Без разлика на резултатите, односот на секој од играчите кон националниот дрес е беспрекорен“, додава Милевски.
Тој исто така имаше одговор и за желбата на многумина младите репрезентативци да бидат дел од А-тимот.
„На прашањето дали играчите се подготвени за А-репрезентацијата треба друг да даде одговор. Но, ако се надигрувате со Шпанија, Португалија и Србија, а ги оставите дома Франција и Исланд, тогаш фактите зборуваат сами за себе“, изјави селекторот.



Датум: 23.06.2017, 23:15
Статијата е прочитана 1664 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense