| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.04.2017

Патот на Брдариќ: Од Берлин, Минхен, Леверкузен... до Могила (ФОТО)



Пред 10-15 години, тогаш како фудалер, ни во сон не можеше да претпостави дека на 15 април 2017 година, како тренер ќе води една екипа на стадиончето на Могила

Што ти е животот. Да играш фудбал во една од најсилните европски лиги, да уживаш во најубавите стадиони ширум Германија па и Европа, за да завчера како тренер водиш една екипа на едно мало, маалско стадионче во Прилеп наречено Могила. Да играш во Берлин, Минхен, Леверкузен и др. големи градови во Европа а потоа се чудиш како може да се игра фудбал во Могила. Тоа е патот на Томас Брдариќ, кој пред 10-15 години ни во сон не можеше да претпостави дека на 15 април 2017 година ќе се наоѓа во Могила. Се разбира дека Томас беше шокиран од тоа што го доживеа вчера. Сепак имаше среќа и радост кај него зошто неговата Шкендија успеа да го победи Пелистер со 1:0 во дербито на колото. И неговата радост беше голема.




Датум: 16.04.2017, 12:49
Статијата е прочитана 6706 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense