| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.07.2017

Тренерот на Белорусите Сергеј Гуренко играл против Работнички

Како фудбалер на Локомотив Москва, во 2005 година, тој играше тогаш против „романтичарите“ во квалификациите во ЛШ. Сергеј Гуренко повторно го чека дуел со Работнички

Сергеј Гуренко е тренерот на Динамо Минск. Станува збор за еден од најдобрите фудбалери во самостојна Белорусија. Има 80 настапи за својата селекција и има постигнато 3 гола. Има играно за Рома, Парма, во повеќе клубови од бившиот СССР, а играше и за Локомотив Москва, и тоа против Работнички во 2005 година. На првиот меч во Скопје не беше во составот, но затоа на реваншот во Москва ги одигра сите 90 минути против „романтичарите“. Инаку, тој, покрај тоа што е тренер на Динамо Минск, е и прв помошник на Славољуб Муслин во селекцијата на Србија.

 



Датум: 07.07.2017, 19:09
Статијата е прочитана 2047 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense