| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.05.2017

ПОЗНАТИ СТАРТНИТЕ 11: Финалистите со очекувани состави

И Шкендија и Пелистер со сите сили ќе одат на победа и на освојување на Куп трофејот

Шкендија и Пелистер ги објавија стартните состави со кои ќе го напаѓаат пехарот во Купот попладнево на натпреварот во Струмица.

Шкендија ќе напаѓа со својата цела „артилерија“. Во составот се најдоа Бесарт Ибраими кој што ќе ја има поддршката од Хасани, Радески и Жуниор во нападот. Во одбраната, пак, покрај голманот Захов се најдоа капитенот Цуцули, потоа Чолак, Челиковиќ и Тодоровски. Во средината на теренот како главен организатор на играта е Вујчиќ.

Пелистер, пак го почнува овој меч со младиот голман Петровски кој што треба да биде заменет со постариот Петровски. Бојовиќ, Тошевски, Миленковски и Ковачев во одбраната, додека во средниот ред ќе бидар Илиев, Божиновски и Маркоски. Тренерот Шенсои ќе напаѓа со „тројката“ Петров, Силва и Илијоски.

Еве ги составите на двата тима:

ШКЕНДИЈА: Захов, Цуцули, Ибраими, Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Жуниор, Чолак, Тодоровски, Вујчиќ.
ПЕЛИСТЕР: Х. Петровски, Тошевски, Бојовиќ, Божиновски, Миленковски, Илијоски, Петров, Силва, Ковачев, Маркоски, Илиев.



Датум: 17.05.2017, 16:01
Статијата е прочитана 2713 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense