| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.12.2017

„Левски“ во рацете на Донева

Голманот на НСА Софија и македонска интернационалка, Викторија Донева е добитник на наградата спортист на годината во избор на спортската академија Васил Левски


Македонската јавност малку знае за женскиот фудбал, каде што на колективно ниво и не можеме да се пофалиме со некаков успех, но затоа на индивидуален котираме далеку подобро. Викторија Донева е еден од нашите интернационалки која со успех настапува во Бугарија за тамошниот шампион НСА Софија. Перспективниот голман одигра одлична сезона, настапи со својот клуб и на интернационална сцена, па благодарение на сето тоа, спортската академија Васил Левски, која секако е една од најпрестижните во Европа, и ја додели наградата за спортист на годината, заедно со уште десетина други спортисти.
„Секако дека оваа награда е голема сатисфакција за да и понатаму да продолжам да работам напорно, како на терен така и на академијата каде што активно се школувам и го надоградувам своето образование. Се надевам дека и во иднина мојот напорен труд и работа ќе биде препознаен и ќе имам можност повторно да бидам дел од вака одбрано друштво“ - вели Викторија Донева.
Таа е поранешна македонска репрезентативка. Ние во моментов национален тим немаме и на Донева како и на уште неколку македонски фудбалерки кои се веќе етаблирани на интернационално ниво, задоволството да играат за националниот тим и е ускратено.
„Во моментов мора да се задоволам ете со настапи единствено на клубско ниво. Што и како се счучува со репрезентацијата не сакам да коментирам. Фокусирана сум засега на насташите за мојот клуб. По домашниот шампионат, и настапите во Словенија, ете сега имам можност да настапувам и во бугарскиот шампионат“ - вели Донева.




Датум: 22.12.2017, 20:06
Статијата е прочитана 2075 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense