| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.11.2017

Алтипармаковски првак на Литванија

Судува го симна Жалгирис од тронот во директен дуел на двата тима по кој падна одлуката. Битолчанецот го подигна големиот пехар

Марјан Алтипармаковски и неговата Судува ја напишаа клубската историја во Литванија откако попладнево ја прославија првата шампионска титула. Судбината сакаше директниот дуел со Жалгирис да одлучува околу тоа кој ќе биде шампион. Но Судува е во добра форма, игра победнички и со 3:0 ја доби важната битка.
„Ова ми е прва титула во кариерата. Истото е и за клубот кој првпат ја слави круната во Литванија. Денеска ни требаше само бод против Жалгирис но со стил ја заверивме титулата и тоа со висока победа од 3:0 против најпознатиот клуб од оваа земја“, ни изјави Алтипармаковски.
Македонскиот шпиц во оваа историска сезона за Судива настапи на 21 средби и постогна 5 голови но не играше како класичен напаѓач.
„Не ги играв последните натпревари поради тешка настинка. Не тренирав и не бев во составот.
Судува идната сезона ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Оваа екипа пред три години беше елиминирана од Хоризонт Турново во Лигата на Европа.




Датум: 19.11.2017, 14:48
Статијата е прочитана 1847 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense