| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.03.2017

Пелистер ја отвори вратата од финалето

Битолчани одиграа 2:2 на првиот полуфинален меч во Штип, па така имаат убава можност, со оглед на тоа дека реваншот се игра на нивни терен, да стигнат до завршниот меч во Купот на Македонија

Дожд во Штип но и дожд од голови под Исарот меѓу Брегалница и Пелистер вечерва на првиот меч од 1/2 финалето во Купот на Македонија, кој заврши 2:2. Со ова реми Пелистер е многу блиску до финалето ако се знае дека реваншот на 19 април ќе се игра на негов терен.


Натпреварот се играше под рефлектори, во убава атмосфера на моменти и под силен дожд со што целосно го натопи квалитетниот терен на Градскиот стадион во Штип.
Кога сме кај головите, домашните први поведоа и тоа со голот на Здравков во 8. минута. Гостинскиот напаѓач Илијоски од пенал во 38. минута израмни на 1:1. Но тоа не беше се од „зелените“ кои во 67. минута преку Бојовиќ направија целосен пресврт и во тие моменти водеа со 2:1. Но само три минути подоцна Костадинов, интернациналецот од Бугарија ги постави конечни 2:2 на овој интересен натпревар.




Датум: 01.03.2017, 18:56
Статијата е прочитана 2517 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense