| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.10.2017

Илиев вечерва дебитира за сениорите на Арсенал?

Младиот голман е во комбинација за настап во Куп натпревар против Норвич

Дејан Илиев вечерва би можел да ја добие шансата во првиот тим на Арсенал. Тој е еден од повиканите за натпреварот во рамките од „Карабао Куп“ кој што Арсенал на домашен терен ќе го одигра против Норвич.  

Некои информации од Англија најавуваат дека Илиев дури би можел да добие шанса во првите 11 на тренерот Арсен Венгер, и ако тоа се случи, тогаш ќе биде првиот настап во сениорите на тимот од Лондон. Натпреварот започнува во 20:45 часот, и секако овој натпревар е најблиску да му биде дадена шанса на македонскиот чувар на мрежата кој што до сега има настапи во младинскиот тим на Арсенал.

Тој пред две сезони беше на списокот на патници за натпревар во сениорска конкуренција, но во последен миг доби повреда и отпадна од тој натпревар.



Датум: 24.10.2017, 19:25
Статијата е прочитана 1432 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.02.2018
21.02.2018
21.02.2018
21.02.2018
21.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense