| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2017

Струмичко реми во Дојран

По ветровито и студено време, екипите на Академија Пандев и Хоризонт Турново вчера во Дојран одиграа пријателски меч кој заврши со конечни 1:1.

Двете екипи кои се на подгтовоки во Дојран одиграа добар меч со многу трчање и борбеност.
Во 58. минута, пенал за Хоризонт, откако Мерсовски во контранапад беше соборен во шеснаесетникот. Илиев прецизен од белата точка. Во 74. минута Мерсовски изби сам пред голманот, но пласираше покрај голот. Веќе следниот напад на спротивната страна, Мишов во продор, Јанев го фаулира и нов пенал на мечот овојпат за Академија Пандев. Успешен реализатор Јани Атанасов. До крајот на мечот Пандев имаше можност да донесе победа но си даде предолг фор, како и Дориев чиј обид го осуети.



Датум: 25.01.2017, 16:20
Статијата е прочитана 2271 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense