| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.04.2017

Тасев координатор на младите категории



Вчера беше одржан Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија на којашто беа донесени неколку одлуки

Меѓу кои и онаа најважната која го назначи легендата на Тиквеш Сашко Тасев за нов координатор на младинските категории, односно почнувајќи од селекциите до 14 па до онаа до 19 години.
Беа ставени и нови членови на Дисциплинската комисија. Дознавме дека сегашниот главен на оваа комисија, Блерим Бесими, е сменет од таа функција.

СЕ СНИМА ВИДЕО ЗА СУПЕР-КУПОТ
Луѓе од УЕФА се овие неколку дена во Скопје, каде што се снима документарец за Скопје, градот каде што ќе се игра овогодишниот Супер-куп на Европа. Ќе се снима промотивен материјал за да се состави видео кое ќе го промовира нашиот главен град, кој ќе биде искористен и како официјална најава за големиот настан во август на којшто ќе се сретнат победникот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

 



Датум: 12.04.2017, 16:49
Статијата е прочитана 4797 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense