| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.03.2017

Кировски дел од Сесвете

Андреј Кировски повторно е во Хрватска. Младиот македонски репрезентативец долго време беше дел од младинскиот погон на Динамо Загреб не успеа да обезбеди потребна документација за настап, и се врати дома

Есеноска настапуваше за младинскиот погон на Вардар, а сега повторно е во Хрвтаска. Потпиша договор со второлигашот Сесвете, тим кој исклучително многу посветува внимание на младинскиот погон и е расадник на таленти.
„Засега сè е одлично. Дел сум од тим кој има одлични услови за младинските категории и тоа е добро. Веќе настапив на неколку натпревари, а за сениорите дури заиграв против прволигашот Локомотива“ - вели Кировски.
Младиот стопер веќе потпиша за новиот клуб и е регистриран за настап. Конкуренцијата во која ќе настапува Кировски стартува со мечеви веќе викендов.


 



Датум: 02.03.2017, 20:33
Статијата е прочитана 3389 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense