| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.07.2017

За Вардар 1:1 значи минување, за Малме елиминација


Два пати до сега Вардар го имал овој резултат пред домашен реванш, и ги минувал своите противници. Што не е случај со Малме кој што има многу елиминации кога играл со овој резултат


Вардар има голема шанса да го мине Малме, и да се пласира во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ после 1:1 од првиот меч од Шведска, утре во Струмица ќе се обидат да испишат нова страница во историјата. Нашиот првак секогаш кога имал ваков резултат после првиот меч од гости, секогаш минувал понатаму. Тоа се  случило два пати до сега, и секогаш Вардарци на крајот славеле поминување во следна фаза.
За шведскиот тим, пак, овој резултат е „малерозен“ затоа што често им се случува со 1:1 да бидат елиминирани. Сето тоа оди во прилог на Вардаровиот тим пред утрешната пресметка со шведскиот првак кој што и натаму важи за фаворит без разлика на првиот резултат на „Сведбанк“. Но и Вардар си има свои адути покрај традицијата.

Прво со Дуделанж...

Првиот пат Вардар со 1:1 се вратил од гостувањето кај Дуделанж од Луксембург. Тогаш Вардарци губеа, па успеаја да израмнат со гол на Славчо Георгиевски. Тоа се случуваше во  историската 2003 година кога Вардарци подоцна го направија најголемиот европски успех во својата историја.
Дома едноставно Вардарци беа супериорни и го „збришаа“ својот противник со 3:0, и ги продолжија натпреварите потоа каде што ги одмерија силите со ЦСКА Москва. И таа пречка ја минаа, па налетаа на Спарта Прага кога малку им недостасуваше да минат понатаму. Во Купот на УЕФА се паднаа со Рома и беа елиминирани после убедливите 4:0 на „Олимпико“, и 1:1 на домашен терен, со што европската „бајка“ предвреме беше завршена.

Па, со Елбасан

Две години подоцна од овој историски успех, Вардар во Купот на УЕФА патуваше во соседна Албанија кај Елбасан. На првиот меч одигра 1:1, исто така спасувајќи се после водство на противникот. Дома во реваншот се очекуваше сигурен триумф на „црвено-црните“. Меѓутоа тоа не се случи, и одиграа само без голови, со што се пласираа во следната фаза каде што налетаа на Рапид Букурешт кои што ги елиминираа Вардарци и ги оставија без шанса да минат понатаму.

 

 



Датум: 17.07.2017, 11:01
Статијата е прочитана 3396 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense