| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.08.2017

Спировски: Предноста е добра, но не чека тежок реванш

 „Имаме одличен резултат, меѓутоа ќе мора и на вториот натпревар да одиме да дадеме гол за да ја олесниме работата“, вели Спировски

После победата над Фернебахче, Вардаровите играчи се свесни дека предноста е добра, но и дека ќе мора и на реваншот во Истанбул пред преполниот стадион „Улкер“ да се даде максимум и да се избори историскиот пласман во групната фаза од ЛЕ.
Еве како Стефан Спировски го виде синоќешниот натпревар:
„Беше тежок и цврст натпревар, онака како што и очекувавме пред почетокот. Ние го оставивме срцето на терен, одигравме храбро и тимски и уште еднаш на овие европски натпревари покажавме дека можеме да се носиме со големите екипи. Сите сме благодарни на поддршката на навивачите, и посакуваме да ги израдуваме и после реваншот на гостински терен, и се надеваме дека ќе им приредиме најубав подарок, а тоа е пласман во групите во Лигата на Европа“, вели Спировски и додава:
„Предноста е добра, но уште ништо не е готово. Знаеме дека на реваншот ќе биде многу тежок натпревар во кој, како што кажа и нашиот тренер, ќе одиме да постигнеме гол и да си ја олесниме работата. Верувам дека ќе успееме во тоа, и да му донесеме успех на клубот и да ја израдуваме целата македонска јавност. Имаме добра предност сега и ќе треба да одиграме уште еден натпревар да дадеме максиум и да дојдеме до зацртаната цел.“, рече фудбалерот од средниот ред на Вардар. 

 

 



Датум: 18.08.2017, 16:12
Статијата е прочитана 931 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense