| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.05.2017

Еден (Супер)куп проблеми...

Има нови моменти околу тоа каде нашите клубови ова лето ќе ги играат своите европски натпревари. Се чини дека Струмица станува мека на нашиот фудбал и дека го спасува мак-фудбалот

Љубителите на фудбалот во Македонија, но и пошироко на Балканот, со нетрпение ги чекаат тој 8 август и Суперкупот на УЕФА. Меганастан од највисоки рамки на спортски план во историјата на самостојна Македонија. Сите ние посакуваме финале, на пример, Реал Мадрид - Манчестер јунајтед. Но тој настан носи и проблеми со кои се соочуваат нашите клубови, кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. А тие проблеми се во однос на тоа дека ќе биде затворена „Телеком арената“ за настапите во Европа за Вардар, Шкендија, Пелистер и, веројатно, за Работнички.

ТЕРЕНОТ НА ФФМ НЕ Е ГОТОВ
Пред еден месец, „Македонски спорт“ најави дека има голема можност нашите клубови што ќе играат во квалификациите во Лигата на Европа, пред сѐ тука мислиме на Пелистер и Работнички, па и Вардар во квалификациите во Лигата на шампионите, да играат на еден од терените на спортскиот компекс на ФФМ - „Петар Милошевски“ во Скопје. Токму за таа намена почна и реконструкцијата на теренот бр.1. Проблемот е што тој не е готов и веројатноста е голема тој да не биде готов до 29 јуни, кога се играат првите натпревари од првото коло во Лигата на Европа. Сепак, се остава можност теренот бр. 2 на ФФМ да биде ставен на користење ако нешто навистина згусти и нашите клубови нема каде да играат, но тоа е крајна опција.

АРЕНАТА „ЕКОЛОГ“ НЕ Е ЧЕПНАТА
Кога сме кај датумите за тоа кога се играат мечевите во Европа, тие се 11/12 јули и 18/19 јули за второто коло во квалификациите во Лигата на шампионите, потоа 25/26 јули и 1/2 август за третото коло од истото натпреварување, тука се мисли на настапот на шампионот Вардар. Плејофот се игра на 15/16 и на 22/23 август и ако Вардар стигне дотука, тогаш нема проблем плејофот да го игра на „Телеком арената“ во Скопје, со оглед на тоа дека Суперкупот на УЕФА се игра, како што веќе кажавме, на 8 август.
Во Лигата на Европа датумите се 29 јуни и 6 јули за првото квалификациско коло, второто е закажано за 13 и за 20 јули, додека третото за 27 јули и за 3 август. Плејофот од ова натпреварување се игра на 17 и на 24 август. Инаку, во тој наш напис од пред еден месец нагласивме дека постои голема веројатност во функција за настапите на одредени наши клубови за Европа да се стави и „Еколог арената“ во Тетово, но само под услов таа барем да се „разубави“. Но до ден-денешен, а и на еден месец и нешто повеќе од 29 јуни, ништо не е чепнато на неа и таа опција и дефинитивно пропаѓа.


 



Датум: 20.05.2017, 09:45
Статијата е прочитана 4490 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense