| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.10.2017


Отвораме против Босанците


*Македонската репрезентација до 17 години денеска го стартува квалификацискиот турнир чиј домаќин сме токму ние

Како што е и обичај последниве години, Фудбалската федерација на Македонија ја има таа чест да биде организатор на квалификацискиот турнири за младински категории од различен тип, како во машка така и во женска конкуренција. Овој пат се работи за турнир до 17 години, каде што Македонија ги нагостува селекциите на Словачка, Молдавија и на БиХ.
Токму Босанците се нашиот прв предизвик, денеска од 15 часот, во рамките од првото коло, а ќе ги пречекаме на комплексот „Петар Милошевски“.
Селекторот Горан Станиќ во изминатиот период имаше неколку контролни мечеви на кои можеше да ја дефинира формата, како и  статусот на самите репрезентативци. Групата не е лесна, но не е ниту од оние најтешките, па ние без некаква лажна надеж очекуваме борба за првите места на табелата.
Во вториот меч, пак, на стадионот „Борис Трајковски“, исто така од 15 часот, ќе се сретнат другите две селекции од нашата група, Словачка и Молдавија.

ГРУПА 8

ДВОЈКИ:

БИХ – МАКЕДОНИЈА
Комплекс Петар Милошевски 15:00ч.
СЛОВАЧКА – МОЛДАВИЈА
Стадион Борис Трајковски 15:00ч.

 

 



Датум: 02.10.2017, 11:24
Статијата е прочитана 746 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense