| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.12.2017

Вардар се засилува со Австралиецот Алекс Талески!?

Младиот 17-годишен Алекс Талески ќе биде новото име во таборот на шампионот во овој преоден рок. Игра во среден ред и беше дел од неколку австралиски клубови

Младиот фудбалер од Австралија со македонско потекло, Алекс Талески, ќе биде првото име во таборот на Вардар. Седумнаесетгодишниот играч од средниот ред кој има настапувано во неколку клубови во Австралија, е во преговори со шампионот и, веројатно, ќе биде првото засилување за зимскиот преоден рок.
Значи ли ова дека Вардар ќе се подмладува и дека ќе најде играч кој ќе може да биде оној под 21 година што е задолжителен во записникот меѓу првите 11-мина, а конкуренцијата таму е голема (Тодороски, Стојчевски, Петковски).
Покрај тоа што ќе игра за првиот тим, Талески би имал право да настапува и за младинската екипа, со оглед на фактот дека нема полни 18 години, односно ќе наполни во јуни идната година. Талески веќе тренира со „црвено-црните“ и деновиве треба да се донесе одлука за негов ангажман.

Има и македонски пасош

Она што е добро за македонскиот првак е тоа што Талески има и македонски пасош, па ќе може да настапува и како домашен играч во Вардар, со оглед дека бројот на странци во моментов е на максимум. Тоа значи дека по пристигнувањето на сертификатот, тој веднаш ќе може да заигра во црвено-црниот дрес. Се очекува тоа да биде во текот на пролетниот дел, доколку, се разбира, и дефинитивно биде ангажиран во „црвено-црниот“ тим.

Тренира со „црвено - црните“

Талески во моментов тренира со „црвено-црните“ и би можел наскоро и дефинитивно да стане дел од Вардар. Веќе неколку дена, се наоѓа на еден вид проба и наскоро ќе треба да се знае. Но, веројатно, нашиот шампион ќе го ангажира овој млад играч, кој има голем потенцијал. Досега Талески мина неколку клубови во Австралија, а последен му е младинската екипа на Јужен Мелбурн. Нема ниту еден настап во сениорски тим и Вардар може да му биде првиот со професионален договор.

 



Датум: 13.12.2017, 11:06
Статијата е прочитана 2765 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense