| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.04.2017

Ставрев повторно „главен“ на Шкендија - Вардар

Еден од нашите најдобри судии по петти пат сезонава ќе го суди големото дерби кое ќе се игра во среда во рамките на 29. коло. Интересно е што во претходните четири средби, Вардар оствари победа на сите од нив

Александар Ставрев е назначен за главен судија на големото дерби меѓу Шкендија и Вардар. Мечот кој ќе се одигра в среда од 16 часот во рамките на 29. коло од првата македонска лига, повторно ќе биде воден од еден од нашите најдобри судии.
Интересно е што за Ставрев сезонава по петти пат ќе ги суди дерби мечевите меѓу овие два тима. А уште поинтересен е податокот дека во претходните четири, како победник излегуваше Вардар.
Последниот од нив беше минатата недела кога Шкендија го пречека Вардар во рамките на полуфиналето од Купот на Македонија. Првакот победи со 1:0, но, Тетовци се пласираа понатаму поради триумфот од 3:1 на гостински терен од претходно.



Датум: 24.04.2017, 12:31
Статијата е прочитана 3469 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense