| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.03.2017

Пандев во конкуренција за градското дерби

Македонецот се најде на списокот на играчи кои ќе конкурираат за настап против Сампдорија

После еден натпревар на кој што не беше во комбинација, Пандев се враќа во составот на Џенова. Тој ќе конкурира за настап на градското дерби против Сампдорија. Тренерот Мандорлини го вклучил меѓу 24 фудбалери кои што ќе конкурираат за настап на дуелот викендов.

Пандев не беше во комбинација против Емполи поради наводно несогласување со тренерот и со раководството на екипата. Тој одби да влезе од клупата против Болоња во 90. минута, а медиумите во Италија открија и позадина во тој случај, односно дека Пандев можел да замине во Кина откако имал понуда од таа земја, но не бил информиран од челниците со што пропадна можноста да направи трансфер во зимскиот преоден рок.



Датум: 10.03.2017, 20:16
Статијата е прочитана 1538 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense