| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.10.2017

Втора лига – запад: Лисиче останува неосвоива тврдина

Со головите на Сефери и Алиу, Еуромилк од Лисиче со 2:1 го победи Новаци, голот за гостите беше дело на Марјан Котевски

Во 11. Коло во Втората лига – запад, во еден од најинтересните мечеви, Еуромилк на свој терен во Лисиче со 2:1 го победи Новаци и ја продолжи серијата на победи на свој терен. Домашните поведоа со голот на Сефери во 7.минута. Во следната минута Новаци преку Марјан Котевски израмнија на 1:1. Победничкиот гол за лисичани беше дело на Алиу во 78. Минута од пенал. Претходно Сефери беше фаулиран во гостинските шеснаесетник. Гостите жестоко протестираа па затоа Котевски и тренерот Елмазовски беа исклучени.
Во Кичево тимот на Зајази со 1:0 го победи Тетекс, решавачкиот момент се случи во 47.минута кога Љума стрелаше во мрежата на тетовци. Во струшкото дерби Лабуништа и Струга Трим Лум одиграа без голови додека Локомотива и Гостивар ги поделија бодовите играјќи 1:1.


РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО
ЛОКОМОТИВА – ГОСТИВАР      1:1
ЕУРОМИЛК – НОВАЦИ                2:1
ЛАБУНИШТА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0:0
ЗАЈАЗИ – ТЕТЕКС                         1:0
ВЛАЗЕРИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (УТРЕ)
ТАБЕЛА
1.Влазерими 20, 2.Струга Трим Лум 20, 3.Гостивар 19, 4.Македонија ЃП 10, 5. Еуромилк 16, 6.Локомотива 14, 7.Лабуништа 14, 8.Тетекс 13, 9.Зајази 9, 10.Новаци 8



Датум: 28.10.2017, 15:46
Статијата е прочитана 2042 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense