| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.08.2017

Велевски е најновото име во Силекс

Тој пред неколку денови дојде од Вардар Неготино

Дејан Велевски, 23-годишниот фудбалер пред неколку денови дојде во Силекс од Вардар Неготино, како засилување на одбраната, а може да игра и како последен играч за врска. Тој е дете на Пелистер, а освен за битолскиот клуб има настапувано и за екипите на Победа и Младост Царев Двор.„Во екипата се работи максимално професионално и посветено на секој тренинг и тоа ми дава потврда дека направив вистинска одлука кога потпишав за Силекс. Ми се допаѓа стилот на игра што го форсира стручниот штаб и мислам дека сосема одговара на тоа што можам и јас да го пружам на теренот. Се тоа ми дава верба дека ќе имаме успешна сезона и јас лично и клубот во целина“ – вели Дејан Велевски.

 



Датум: 06.08.2017, 15:37
Статијата е прочитана 2039 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense