| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.01.2017

Вардарово реми во добра игра

Шампионот попладнево во Анталија одигра 1:1 со рускиот прволигаш Амкар Перм. Попов во 42. минута донесе водство, додека Салугин во 58 израмни


Иако далеку подобар, особено во првиот дел, иако имаше повеќе шанси за гол, сепак Вардар одигра само 1:1 со тимот на  Амкар Перм, прволигашки клуб од Русија, на својата втора контролна средба од подготовките во Анталија.  Четата на стратегот Гоце Седлоски поведе со голот на Попов во 42. минута откако со убав шут со глава го совлада противничкиот голман. Русите израмнија во 58. минута преку Салугин, но се чини голот дека падна од офсајд позиција. По поразот од Стеауа, ова беше прво реми за Вардар на овие контролни средби зимава, секако во очекување и на првата победа за нашиот шампион.


Инаку овој натпревар во живо го следеше и селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски.



Датум: 28.01.2017, 16:03
Статијата е прочитана 1869 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense