| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.07.2017

Дука: Струмица не нуди безбедност!

„Како Федерација силно се противиме на одлуката мечот на 5 септември да се игра во Струмица, но тоа е одлука на УЕФА и ние мора да ја почитуваме“ вели Арманд Дука, првиот човек на Албанската Фудбалска Федерација

Првите луѓе на Фудбалската Федерација на Албанија и натаму негодуваат дека квалификацискиот меч меѓу Македонија и Албанија на 5 септември ќе се игра во Струмица  а не во Скопје.
Покрај неделното соопштение на самата Федерација, денеска со своја изјава излезе Арманд Дука, првиот човек на Федерацијата...
„Ние како Федерација силно се противиме на таа одлука. Според нас, тој стадион не нуди безбедност. Не знам како ќе се убедат сите дека тој стадион е подобро решение отколку Арената во Скопје. Скопје е подобро решение, може да има повеќе гледачи од двете страни, но тоа е одлука на УЕФА и ние имаме намера да ја почитуваме. Ние се пожаливме на УЕФА и ни беше кажано дека таму ќе се игра под услов некои работи да се поправат. Ние ќе испратиме писмо до УЕФА со свои аргументи“ изјави Дука.

 



Датум: 04.07.2017, 15:06
Статијата е прочитана 4992 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense