| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.08.2017

Османи тргнува со четири шпица против Тракаи

Хасани, Ибраими, Радески и Абдурахими се меѓу стартерите на Шкендија на мечот против Тракаи

Ќатип Османи, стратегот на Шкендија нема намера да калкулира. Тој со сите сили уште од првата минута ќе тргне во офанзива во реваншот против Тракаи во рамките на 3. квалификациско коло. Му треба победа за пласман во плејофот во Лигата на Европа.
Па затоа во нападот ќе почне со Хасани, Ибраими, Радески и Абдурахими. Голман е Захов, во одбраната се Тодоровски, Теќа, Бејтулаи и Челиковиќ, додека во средниот ред Алими и Тотре. Тоа е составот кој „Македонски спорт“ го најави за дуелот кој за нешто помалку од еден час започнува во Струмица.
Секако дека на Шкендија и посакуваме пласман во плејофот во Лигата на Европа, каде веќе таму е Вардар.

 



Датум: 03.08.2017, 16:05
Статијата е прочитана 1663 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense