| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.05.2017

Битка со Турција за Елмас!


„Императорот“ Фатих Терим не крие дека сака да го приклучи Елиф Елмас, мегаталентот на Работнички и на Македонија, во репрезентацијата на Турција


Сензационални вести пристигнуваат од Босфорот, од Истанбул. Фатих Терим, селекторот на репрезентацијата на Турција, не само што правел планови туку  и дал наредба тие да започнат да се реализираат, а крајната цел е Елиф Елмас. Императорот, како што го нарекуваат актуелниот селектор на Турција и некогашен тренер на многу познати клубови од Европа, го сака нашиот фудбалски бисер во својата селекција. Ова го јавуваат медиумите во Турција.
Се вели дека Терим му дал задача на својот помошник Абдула Ерџан по секоја цена да му ги донесе нашиот Елмас и Ерај Чумарт, фудбалер на Лугано од Швајцарија, еден од најголемите таленти во таа земја. Ерџан добил задача да му ги собере сите можни информации за Елмаз и за Чумарт. Тој не само што ги собрал туку и ги следел настапите на двајцата потенцијални идни репрезентативци на Турција. Да напоменеме дека двајцата имаат играно за младите селекции на Македонија и на Швајцарија.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 23.05.2017, 09:17
Статијата е прочитана 5787 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense