| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.10.2017

Со Елмас на У19 квалификацискиот турнир

Елиф Елмас е засилувањето за неговата генерација на претстојниот квалификациски турнир кој ќе се одржи токму во Скопје. Противниците се Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската репрезентација до 19. години Вујадин Станојковиќ предмалку го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир на кој сме домаќини токму ние. Противниците се Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн, а ние ќе бидеме предводени од Елиф Елмас. Досега сениорскиот односно младинскиот репрезентативец ќе помогне всушност на неговата генерација во која секако уште се наоѓаат и Јани Атанасов, Дарко Чурлинов, Кристијан Трапановски. Секако кам-бек прави и Димитар Митровски од Спортинг Лисабон кој извесен период беше повреден
На 8. ноември турнирот го отвораме против Швајцарија со почеток во 13:00 часот, во истиот термин на 11. ноември играме со Белгија, а последниот дуел на 14. ноември исто така во 13:00 часот го играме против Лихтенштајн.

Голмани: Христијан СТЕВКОВСКИ (Скопје), Благојче ИВАНОВ (Силекс), Методија ВЕЛКОВСКИ (Вардар);

Одбрана: Агрон РУФАТИ (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио МИТРЕВ (Балзан, Малта), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Тодор ТОДОРОСКИ (Вардар), Филип ТРАЈАНОВСКИ (Хакен, Шведска), Кирил РИСТОВСКИ (Борец), Оливер СТОИМЕНОВСКИ (Карабах, Азербејџан);

Среден ред: Марко ФЕРУКОСКИ (Офенбах, Германија), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Јани АТАНАСОВ (Академија ПАНДЕВ), Енис ФАЗЛАГИЌ (Шкендија), Стефан БОГДАНОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Дарко ЧУРЛИНОВ (Келн, Германија), Елиф ЕЛМАС (Фенербахче, Турција), Миле ТОДОРОВ (Работнички), Филип СТОЈЧЕВСКИ (Вардар);

Напад: Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Славија Прага, Чешка), Бојан МИОВСКИ (Карабах, Азербејџан), Бојан КОЛЕВСКИ (Вардар);



Датум: 31.10.2017, 14:03
Статијата е прочитана 771 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense