| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.03.2017

Кузманов на клупата на Брегалница

Никола Кузманов, стратегот кој има ПРО лиценца попладнево ќе биде промовиран во нов шеф на стручниот штаб на „сините“


Никола Кузманов ќе биде новиот тренер на Брегалница кој ќе се обиде ја спаси екипата од најлошото. По вчерашната оставка на Здравко Цветановски, синоќа раководството на „сините“ разговорало со Кузманов и тој ја прифатил понудата. Станува збор за штипско тренерско решение кој има ПРО Лиценца и кој досега во неколку наврати беше како помошник тренер во Брегалница. Инаку неговото седнување на жешката клупата на Брегалница би требало да се официјализира попладнево. Кога сме кај тренерите, во таборот на „сините“ Кузманов ќе биде четврти стратег сезонава. Прво започна Игор Стојанов, потоа продолжи Јуксел Јесилова, следуваше Здравко Цветановски и од денеска тоа е Никола Кузманов.



Датум: 14.03.2017, 10:43
Статијата е прочитана 3093 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense