| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.04.2017

Барсегјан: Целта ми беше да шутирам (ВИДЕО)

„Горд сум на себе за голот и на мојотм тим за триумфот на овој натпревар. Ова е тимска игра и сте се заслужни за победата. Целта ми беше да шутирам и ете тоа ми успеа“ изјави ерменскиот фудалер

Тигран Барсегјан вчера беше еден од најдобрите поединци на Вардар во победата над Пелистер од 3:1. Ерменскиот фудбалер постигна можеби најубавиот гол во оваа сезона, откако од половина терен успеа да го совлада гостинскиот голман Пашовски.
„Горд сум на себе за голот, и на мојот тим за триумфот на овој натпревар. Фудбалот е тимска игра и сите се заслужни за победата. Мило ми е што го постигнав тој убав гол. Целта ми беше да шутирам, го забележав голманот дека е излезен и во тој момент одлучив да пробам да го лобувам. Ете, ми успеа“ изјави Барсегјан за официјалниот сајт на Вардар.
„Нашата цел на секој натпревар се трите бода, и така беше и вчера, така ќе биде и на идните мечеви. Нема да отстапиме од целта да одиме на победа на секој меч и покрај тоа што имаме голема разлика на табелата и успеавме да ја зголемиме со вчерашните три бода. Среќни сме сите што екипата е во добра серија. Сега одиме напред, сега почнуваме да мислиме на следниот натпревар со Силекс. Очекуваме уште една добра игра и нова победа“ додаде тој.
Ова е трет гол за Барсегјан пролетва, откако го пропушти есенскиот дел поради здравствени проблеми.



Датум: 10.04.2017, 11:56
Статијата е прочитана 2111 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense