| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

20.03.2017

Дали останува Червар, ќе се знае за два дена

Во моментите кога во Лигата на шампионите владее затишје, а веќе е официјализирано дека Македонија остана без селектор, остануваат уште две прашања кои можат да ја размрдаат македонската ракометна јавност.

Првото е, кој ќе биде нов селектор на Македонија. Тој проблем го решава Ракометната федерација на Македонија и очекуваме од нив наскоро да излезат со конкретно решение, па да видиме како ќе изгледа македонскиот национален тим во мај кога се играат (веројатно) решавачките натпревари за пласман на ЕП Хрватска 2018.
Второто е дали Лино Червар останува во Металург?
Откако во саботата беше претставен како изборник на Хрватска, Червар допатува во Македонија. Неофицијално, вчера, имал и разговор со сопственикот на Металург, Минчо Јорданов. Немаме официјална потврда дека така било, иако гласно се зборува дека разговарале.
Се обидовме да стапиме во контакт со Червар, но единственот одговор што успеавме да го добиеме е:
„Стрпете се два дена“.
Трпение никогаш не била новинарска одлика, па затоа уште еднаш ќе пробуричкаме низ шпекулациите, а таму ситуацијата се менува.
Ако до пред три дена (по)голема беше веројатноста дека Червар ќе си замине од Металург веднаш, сега се менува целата слика. Сега е поголема веројатноста да остане. Логиката вели така, затоа што ако требаше да замине, зошто би чекале макар и два дена?
Како и секогаш кога е оваа тема актуелна, веројатно до последен момент ништо нема да биде јасно, а прогнозите често погрешни.
Останува да видиме што ќе се случи во овие два дена, па тогаш ќе дознаеме како ќе изгледа Металург во продолжението на првенството.



Датум: 20.03.2017, 14:22
Статијата е прочитана 612 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.06.2017
29.06.2017
29.06.2017
29.06.2017
29.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense