| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.07.2017

Потврдено: Вардар - Копенхаген на „Арената“ во вторник во 20 часот

УЕФА попушти: Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на „Филип Втори“, а реваншот во Копенхаген

Вардар ќе го пречека тимот на Копенхаген на Арената „Филип Втори“ во Скопје. Првиот натпревар ќе се игра во вторник во 20 часот, а реваншот во Данска, иако ждрепката беше првиот дуел да биде во Копенхаген.
Сепак, поради случувањата во Струмица на дуелот со Малме, УЕФА најде решение. Му дозволува на Вардар да игра на „Арената“ и со тоа да има време уште две недели да се подготви стадионот за Супер-Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал.
Ова е одлична вест за љубителите на фудбалот кои што ќе може да дојдат во голем број на „Арената“ и да му дадат поддршка на Вардар на патот кон следната квалификациска рунда.
Реваншот треба да биде во Копехаген на 1 или 2 август.



Датум: 20.07.2017, 13:49
Статијата е прочитана 1186 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense