| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.07.2017

Шкотланѓани му судат на Вардар во Копенхаген

Главен арбитар ќе биде Џон Битон, кој што ја делеше правдата на квалификацискиот дуел на младите селекции помеѓу Норвешка и Македонија во 2014 година

Шкотланѓанецот Џон Битон ќе биде главен судија на реванш натперварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите помеѓу Копенхаген и Вардар кој што се игра во среда во 20 часот.

Негови помошници ќе бидат Грем Стјуард и Даглас Потер. Четврти судија Роберт Маден. Делегат е Шпанецот Едуард Дервишај.

Битон ја делеше правдата на квалификацискиот натпревар во 2014 година помеѓу младите селекции на Норвешка и Македонија кој му припадна на Норвежаните со 2:1. Стрелец на единствениот гол за нашата селекција беше Бобан Николов.



Датум: 30.07.2017, 11:27
Статијата е прочитана 184 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense