| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2018

Битанг го засили Вардар

Новaкот од Камерун веќе е дел од таборот на шампионот. Се очекува промоција по враќањето во Скопје

Камерунскиот фудбалер Кларенс Жуниор Битанг, е новиот играч кој што се приклучи на подготовките на екипата на Вардар во Анталија. Играчот од средниот ред денеска пристигна и веќе се приклучи на тренинзите.
Битанг е роден на 2. септември 1995 година во Дуала (Камерун). Во својата кариера има играно за екипи од Камерун, Тајланд и Грција. Настапуваше во Лес Астрес во својата родна земја, потоа во Тајланд во екипите на Вуачон Јунајтед, Бурирам Јунајтед, Чаинат пред да се пресели во Грција и да биде дел најпрво од Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос. Последен клуб му бил Унион Дуала. Игра главно на повеќе позиции во средниот ред, а може да игра и како крилен фудбалер, главно на десната страна.
Тој би требало дефинитивно да биде следното засилување за тимот, а промоцијата ќе се случи во Скопје, откако ќе бидат направени и медицинските прелгеди. Вардар се враќа од Анталија во текот на утрешниот ден.

 

 



Датум: 04.02.2018, 12:07
Статијата е прочитана 2385 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense