| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.08.2017

Силовит старт на Пелистер

„Секако дека не е мала работа да се победи среде Прилеп, но јасно е дека ова се само стартни три бода, има причини за задоволство, но не и за еуфорија“, вели Оливер Пеев

Пелистер ја покажа сета своја сила уште на стартот од сезоната. Во Прилеп, во целост ја надигра домашната Победа и сосема заслужено ја победи со 2:1, иако, според шансите, овој триумф можеше да биде уште поубедлив.
Новакот Оливер Пеев одигра одлично, беше еден од креаторите на играта на „зелените“. Имаше шанса и за гол, но, сепак, не успеа да го круниса своето деби со гол.
„Навистина имав добра шанса, излегов сам пред Талески, но лошиот терен не дозволи да ја шутнам таа топка како што посакував, и затоа не погодив. Сепак, јас сум среќен, успеавме да освоиме големи три бода. Не е мала работа да се победи среде Прилеп, против една солидна екипа како што е домашната. Но јасно е дека ова се само три стартни бода, има причини за задоволство, но не и за еуфорија. Не треба да летаме во облаци“, вели Пеев.

*Повеќе читајте во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“

 

 

 


 



Датум: 14.08.2017, 19:50
Статијата е прочитана 1383 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense