| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.01.2017

Христов дел од грчка Ксанија

Младиот и перспективен офанзивец, Христијан Христов својата кариера ќе ја продолжи во грција односно во второлигашот А.О. Ксанија од Крит.

Тој досега настапуваше во Швајцарија во третолигашката конкуренција, а како што вели самиот овој трансфер го прави за да може да напредува во кариерата.
„Задоволен сум што му пристапувам на клуб кој се надевам дека ќе ми даде вистинска шанса и ќе ми биде отскочна даска за уште поголем напредок во кариерата“ - изјави Христов за Македонски Спорт.
Тој своевремено беше најдобар стрелец во македонската младинска лига, беше дел од школите на Вардар и Металург, каде освои многу титули. Потоа замина во Еуромилк пред да се пресели во Швајцарија. Со Ксанија потпиша на шест месеци, а тимот во моментов е во лоша резултатска состојба и на при самото дно на табелата



Датум: 16.01.2017, 11:04
Статијата е прочитана 5148 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense