| контакт | маркетинг

05.03.2017

Што дознавме од првиот тест во Барселона?

Иако почетокот на зимското тестирање секогаш носи податоци кои е тешко да се протолкуваат, по првите четири дена на патеката Каталуња некои работи се јасни и пред вториот тест и пред стартот на сезоната во Австралија

- МЕРЦЕДЕС УШТЕ ДОМИНИРААТ. Мерцедес комплетираа најмногу кругови - 558 и тоа со проблеми во последниот ден. „Сребрената стрела“ постави најдобро време на сесиите, ги помина сите примероци на гуми, и направи повеќе симулации на трки. Првите три дена покажаа дека нивната доминација ќе продолжи во 2017.
- ФЕРАРИ ИЗГЛЕДААТ МОЌНО. Пред 12 месеци, Ферари поставија најдобро време на тестирањата, по што не победија цела сезона. Затоа е тешко да се толкуваат времињата од тестовите, но со 468 кругови, добра постојаност и блискост до Мерцедес велат дека тие ќе се најсериозните конкуренти. Засега.
- РЕД БУЛ „КРИЈАТ“ НЕШТО. Ред Бул од друга страна имаа тивка недела, не бркаа времиња во четирите дена тестирање, но се појавија со доста „трикови“, како „дупката“ на предното крило, која се криеше кога болидот беше во боксот.


- УЖАС ЗА ХОНДА И МЕКЛАРЕН. Проблеми со маслото првиот ден. Промена на моторот вториот ден. Мекларен-Хонда имаа ужанса прва недела по која изгледа дека тешко ќе се наоѓаат во поени. Сомнежите за формата на моторот на Хонда носат многу грижи пред Австралија
- ПИРЕЛИ НЕ ЗНААТ ДА НАПРАВАТ ГУМИ ЗА ДОЖД. По неколку години голема деградација, Пирели имаа задача да направат издржлива гума за 2017 и успеаја во тоа. Средните и меките гуми носат високи перформанси, но проблемот повторно е во гумите за дожд, иако беа тестирани во текот на зимата.
- ВОЗАЧИТЕ СЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД БРЗИТЕ БОЛИДИ. Луис Хамилтон го опиша возењето на новиот Мерцедес како „возење на дете на ролеркоустер“. Себастијан Фетел додаде дека „болидите решија речиси се“. Болидите се две секунди побрзи, а аеродинамичката сила е неверојатна.
- ПРЕТЕКНУВАЊЕТО МОЖЕ ДА Е ПРОБЛЕМ. Со целата брзина, посебно на кривините, проблемот е во претекнувањето. Иако Макс Ферстапен изјави дека тоа нема да биде потешко од 2016, Хамилтон беше позагрижен околу „воздушниот тунел“ кој се формира зад болидите.

КОМБИНИРАНИ ВРЕМИЊА ОД БАРСЕЛОНА
 време кругови
1.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.705 324
2.Себастијан Фетел (Ферари) 1:19.952 265
3.Кими Раиконен (Ферари) 1:20.960 200
4.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.983 234
5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:21.153 120
6.Џолион Палмер (Рено) 1:21.396 143
7.Макс Ферстапен (Ред Бул) 1:21.769 174
8.Нико Хулкенберг (Рено) 1:21.791 150
9.Маркус Ериксон (Заубер) 1:21.824 195
10.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:22.076 103
11.Роман Грожан (Хас) 1:22.118 171
12.Кевин Магнусен (Хас) 1:22.204 169
13.Ленс Строл (Вилијамс) 1:22.351 110
14.Антонио Џовинаци (Заубер) 1:22.401 151
15.Естебан Окон (Форс Индија) 1:22.509 86
16.Серхио Перез (Форс Индија) 1:22.534 121
17.Штофел Фандорне (Мекларен) 1:22.576 105
18.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:22.598 101
19.Данил Квјат (Торо Росо) 1:22.956 100
20.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 1:23.540 83
21.Алфонсо Селис (Форс Индија) 1:23.568 71

КРУГОВИ ПО ТИМ
1.Мерцедес 558
2.Ферари 465
3.Заубер-Ферари 346
4.Хас-Ферари 340
5.Ред Бул ТАГ Хојер 294
6.Рено Ф1 293
7.Форс Индија 273
8.Вилијамс-Мерцедес 213
9.Мекларен-Хонда 207
10.Скудерија Торо Росо Рено 183

КРУГОВИ ПО МОТОР
1.Ферари 1.151
2.Мерцедес 1.049
3.Рено 770
4.Хонда 207



Датум: 05.03.2017, 09:14
Статијата е прочитана 778 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense