| контакт | маркетинг

13.11.2017

Од последно до прво место? Нормално со „допингувано“ возило

Оваа случка ни доаѓа од Аргентина од локалниот „Топ рејс В6“ шампионат

Како на филм! Хуан Мануел Силва направил нешто што на никого не му успеало во историјата на „Топ рејс В6“ автомобилски шампионат. Тој направи епски кам-бек во финалето од трката на автодромот во Ла Плата, а популарниот „Патор “ со својот Мерцедес почнал од последното место успеал да мине прв низ целта (по 19 кругови).
Додека тој ја славеше победата, комисијата задолжена за трката почна да се прашува како е тоа можно? Востановено е дека автомобилот на Силва бил „допингуван“ поради што веднаш резултатите се поништени, а возачот суспендиран.

Неправилностите биле востановени при техничкиот преглед на возилото, а биле забележани аномалии во системот за гориво. Тој ја извозел трката без да надополни гориво, додека неговите ривали морале тоа да го направат(што било логично). Токму тоа предизвикало сомнеж кај комисијата која покренала истрага за овој необичен случај.
Силва и неговиот тим РБ Рејсинг не ја признаваат одлуката на комисијата и велат дека тактички го штеделе горивото со тоа што одржувале постојано темпо за време на трката, за разлика од ривалите не биле паметни и бргу го потрошиле горивото.

 



Датум: 13.11.2017, 19:25
Статијата е прочитана 1865 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense