| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.08.2017


Пандев: Македонијо, уживај во елитата!

*Интервју со Горан Пандев, амбасадорот на Суперкупот на УЕФА:„Да бидеме добри домаќини. Јас сум амбасадор на Суперкупот и денеска доаѓам во Скопје. Секако дека ќе се видам со Жозе Мурињо. Едвај чекам“ потенцира нашиот најдобар фудбалер


 Секој голем настан си има заштитно лице, па така и утрешниот спектакл во Скопје има свој амбасадор. Тоа е Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер на денешницата. По тој повод, фудбалерот на Џенова сцецијално денеска ќе пристигне во Скопје и ќе пропушти 3-4 дена од подготовките со екипата. Струмичанецот е човекот кој беше изборот на УЕФА за амбасадор на големиот настан и голем меч, на кој ќе се судрат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
„Денеска сум во Скопје. Моите обрски како амбасадор на Суперкупот почнуваат денеска и ќе траат сѐ до завршувањето на самиот натпревар. Вечерва, УЕФА организира гала-вечера, на која ќе бидат нејзините гости и претставниците на двата тима. Лично, презадоволен сум што токму јас сум амбасадор на овој најголем спортски настан што се случува во нашата држава. Македонијо, уживај овие 2-3 дена во елитата! Сега и никогаш повеќе на нашиот стадион ќе гледаме екипи како Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кои се борат за големиот трофеј. Ова е убав сон и настан од некоја детска бајка. Ваков меч се игра во нашето Скопје. Тоа е голема работа. Барам за момент целата фудбалска елита ќе биде во Македонија. Не е мала работа… Секоја чест за УЕФА и за ФФМ што му подарија еден ваков спектакл на народот во Македонија. Затоа сите треба да уживаме и да им бидеме добри домаќини на големите клубови, на одличните фудбалери, но и тренерите како Мурињо и Зидан. Личности кои се веќе во историјата на фудбалот и за кои ќе се зборува со векови“, ни изјави Горан Пандев во интервјуто за нашиот весник по повод најголемиот спортски настан што ќе се одржи во нашето Скопје, во Македонија, на националната арена „Филип Втори Македонски“.

Мурињо е заслужен за моите успеси
Очекувавме Горан Пандев да навива за Манчестер јунајтед и за својот тренер Жозе Мурињо. Двајцата беа дел од Интер во таа блескава 2010 година, кога тимот од Милано ги покори светот и Европа.
„Јас и Мурињо сме во контакт. Било преку разговори било преку СМС-пораки, си честитаме за успесите, головите, трансферите… За мене, тој е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. По негова заслуга јас заминав во Интер. Тој инсистираше за трансферот, и не погреши. Заедно освоивме сѐ што можеше да се освои во таа година. Тоа се моите најубави денови од фудбалската кариера и тоа по заслуга на човекот кој денеска и утре е гостин на Скопје. Ако има слободно време, ќе го прошетам низ Скопје. Тој е голем гурман и секако дека ако има можност, ќе одиме во некој од рестораните“, открива Пандев за повторната средба со стратегот од Португалија, кој сега е на клупата на Манчестер јунајтед.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 

 

 



Датум: 07.08.2017, 11:07
Статијата е прочитана 1112 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense